Свет

Тихановскаја: Белоруската опозиција не се контролира од странство

Белоруската опозиција не се контролира од странство, изјави денеска поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја на нејзиниот канал „Телеграм“, пред состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.

– Опозицијата не се контролира од странство. Не ја контролираат од Русија, рече Тихановскаја.

Според неа, пред два месеци претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го обвини нејзиниот сопруг Сергеј Тихановскиј, кој во моментов е во притвор, за организирање масовни протести, координирани од Русија.

– Сега, претседателот Лукашенко се предомисли и ја обвини Европа, додаде Тихановскаја.

Заменик портпаролот на германскиот кабинет, Улрике Демер во петокот соопшти дека Ангела Меркел ќе се состане со Тихановскаја во Берлин на 6 октомври. На средбата ќе се разговара за ситуацијата во Белорусија по претседателските избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Секс скандал го тресе судот во Хаг, суспендиран главниот обвинител

Kristina Kuzmanovski

Рама контра „Револуцијата Фламинго“: Проектот во Зврнец ќе се гради и ќе ги воодушеви луѓето

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе