Македонија Топ вести

Први позитивни случаи на коронавирусот меѓу вработени во двете штипски градинки

Први позитивни случаи на коронавирусот меѓу вработени во двете штипски градинки.

Една воспитувачка од централниот објект на градинката „Астибо“ и една негувателка во објектот во населбата Ново Село на градинката „Вера Циривири Трена“ се позитивни на вирусот, по што вкупно 24 деца заминуваат во изолација.

Директорката на градинката „Астибо“, Билјана Трајчевска, вели дека воспитувачката на работа не е од петокот, а побарала да се тестира откако нејзиниот сопруг ги добил симптомите.

Вчера се тестирале, а синоќа ги добиле резултатите, по што епидемиолозите во изолација веднаш ги ставиле 12 деца од групата и нејзината колешка негователка.

-Станува збор за централниот објект. Вработената нема симптоми, сите работат според протоколите со маски и не се контактира со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација, вели Билјана Трајчевска директор на градинка „Астибо“-Штип.

Во градинката „Вера Циривири-Трена“ во објектот во населбата Ново Село потврден е денеска позитивен тест кај  негователка, таму во изолација заминуваат исто така  12 деца и нејзината колешки воспитувачка.

Речиси еден месец се отворени вратите на градинките во земјава, досега во Брегалничкиот регион се потврдија неколку случаи на вработени во овие згрижувачки институции во Свети Николе, Кочани и Чешиново-Облешево.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Размена на обвинувања меѓу Груевска-Маџоска и министерот Љутков по нејзината оставка – Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Помина една година, а конфекциите Фермактекст и Европа Фешн не им исплаќаат платите и придонесите на работниците- пријавено е и во МВР

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе