Свет Топ вести

Борисов: Штом можат да го изразат незадоволството, значи има демократија

Секогаш ќе има незадоволни, но ако можат да го изразат своето незадоволство, тогаш има демократија. Вака го коментираше синоќешното четврто Големо народно востание бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Синоќа по 87. пат во Софија се одржа протест против бугарската Влада, јави БГНЕС.

За денеска е најавено четвртото Големо народно востание на незадоволните граѓани, кои по 87-ми пат бараат оставки од премиерот Бојко Борисов и главниот обвинител Иван Гешев, инсистираат на фер избори и техничка влада.

„Актуелните демократи, нивните родители, нè кршеа. Не можеше да се каже шега против бај Тошо (Тодор Живков). Апсеа за шега. Ја гледавте ли дебатата во САД, колку беше политичка, какви епитети си дадоа. Дури и по оваа дебата, се смирив дека и во Бугарија е нормално  така да се навредуваат  луѓето“, напиша Борисов на Фејсбук, пренесува БГНЕС.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе