Свет

Претседателот на Нагорно Карабах се приклучи на армијата на фронтот

Претседателот на самопрогласениот ерменски регион во Азербејџан, Нагорно-Карабах, Арајик Арутјунјан изјави дека тој лично се упатил на фронтот во борбата против азербејџанската армија.

Азербејџанските сили утринава го гранатираа главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт. Како што е наведено, во градот се слушнале три експлозии, а биле погодени и инфраструктурни објекти.

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и повторно го повика на прекин на огнот во Нагорно-Карабах и мировни разговори.

Во истовреме пак Државниот секретар на САД, Мајк Помпео повика трети земји да останат надвор од конфликтот околу спорниот регион Нагорно Карабах и нагласи дека се надева оти извештаите за сириски борци кои пристигнуваат во Азербејџан преку Турција не се точни.

  • Како резултат на успешното делување на нашата војска, на висорамнината Мадагиза во насока на Агдара ослободени се од непријателите. Во насока на Јабраил-Фузиј нашите трупи го скршија отпорот на непријателот го присиливме на повлекување и напредуваме- Анар Ејвазов, портпарол на Министерството за одбрана на Азербејџан.
  • Братската азербејџанска држава започна голема офанзива за да ја одбрани сопствената земја и да го ослободи Нагорно Карабах кој е под окупација. Азербејџанската војска успешно напредува на фронтот и ослободи многу места. Со целата своја способност и со сето срце, и понатаму ќе бидеме со Азербејџан-  Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Поплава оштети затвор во Нигерија, побегнаа најмалку 118 затвореници

Дејан Дејан

(Видео) Крвави коњи на британската кралска гарда приредија хаос во Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе