Македонија Топ вести

Мицкоски: Не може мафијашка влада да вика дека сме правна држава

Не може мафијашка влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест.

 

За 2 месеци им пропадна банка од 500 милиони евра. Во Тетово овозможија милионски бизнис за анти-ЕУ и анти-НАТО бизнисмен, кој сам кажа дека платил за рефендумот. Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози. Додека сите гледаа во лисиците на рацете на Јанкулоска, има хаос со почеток на учебната година. Таа оди во затвор, а го пуштија убиецот на Мартин Нешковски – рече Мицкоски.

Во своето обраќање Мицкоски ги критикуваше премиерот Зоран Заев, некогашното СЈО, како и судијката Добрила Кацарск.

За премоерот Заев рече дека се вози во „мерцедесот“ поради кој ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во затвор.

Од неправда не никнува правда. Само ако се свртите позади мене, не можам ни да ги прочитам колку афери имаат од кога се дојдени на власт. Ние македонците само бараме слобода и правда, и ништо друго, порача на вечерашниот протест Тони Мекиновски, претседател на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние Македонците само бараме фер судење и бараме да функционираат демократските институции во една држава, ние тоа не го добивме. Талибанскиот режим која сега е на власт, предводен од Социјалдемократскиот Сојуз сака да не убеди дека ќе добиеме датум за преговори со Европската Унија и дека ќе преговарале за правда и слобода за поглавјата 24 и 23. Далеку сте вие господа од слобода и правда, вашата правда е неправда за нас Македонците, вашата слобода зарем може да биде слобода со тоа што ги бришете знамињата на шахтите  и не давате ние македонците да се кажуваме како Македонци, истакна тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загрижувачки податоци: влажното огревно дрво го зголемува загадувањето во Битола, екологистите бараат законски измени

Tea Dimkovska

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Tea Dimkovska

Парите во ѕидот веројатно се на мојот син, судијата Ристов – рекол таткото по претресот и окривањето на созиданиот бункер со 350 000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе