Македонија Најважни

Влошената состојба со коронавирусот ќе ги забран концертите цела зима

Мерките за ублажување на есенскиот бран на коронавирусот ќе се воведуваат етапно. Прва мерка, како што дознава Телма, најверојатно ќе биде целосна забрана за концерти и јавни настани во текот на целата зима, а се размислува и за намалување на работното време на угостителските објекти. Комисијата за заразни болести викендов го утврдува темпото со кое ќе се воведуваат мерките. Доколку состојбата со вирусот продолжи да се влошува не е исклучено и затворање на градинки и училишта, но по општините каде целосната епидемиолошка слика ќе се влоши.

Целосна забрана за јавни собири е мерката која најверојатно ќе биде прва која ќе стапи на сила откако бројките на новозаболени од коронавирус во земјава почнаа да се зголемуваат. Втор ден по ред бројот на позитивни на коронавирус е 13 проценти од тестираните. Инаку денеска е регистрирана досега највисоката бројка на нови позитивни 243, од направени 1.831 тестиран. Од нив најмногу во Скопје 98, Струмица 21, Прилеп и Свети Николе 12, Куманово и Кочани по 11. Во изминатите 24 часа има и четири смртни случаи како последица од коронависот.

Како што дознава Телма, во Комисијата за заразни болести викендов се разговара со кое темпо ќе се воведуваат мерките, а кои беа најавени пред две недели лично од министерот за здравство, Венко Филипче. Мерките кои тогаш ги најави Филипче, предвидуваа казни за семејни прослави, задолжително носење маска на отворено, ограничување на лица во угостителските објекти и протоколите за нивна работа, евентуално намалување на капацитетот на јавиот превоз, како и мерката која најверојатно сега прва ќе стапи на сила –  забрана за одржување на настани. Според информациите на Телма во мерките веројатно ќе влезе и намалување работното време на угостителските објекти.

Во Комисијата, како што дознава Телма, се согласни околу мерките и дека тие треба да се воведат, она што се усогласува се само етапи во кои тие ќе стапат на сила.

Додека задравствените власти размислуваат кога да ги воведат новите мерки за да се намали есенскиот бран на коронавирусот, од пред два дена стартуваше школската година која во училишните клупи ги врати основците до од прво до трето одделение, а градинките се отворени речиси еден месец. Но ако отворањето на градинките помина без поголеми проблеми, школската година стартуваше со најавен бојкот на он-лајн наставата од ученици во неколку училишта.

Министерството за здравство ваквите најави за непочитување на пропишаните протоколи ги оцени како недозволивии оти отежнуваат севкупниот процес на справување со корона кризата.

„Сите одлуки кои ги носи Комисијата се во интерес на заштита на здравјето на учениците, наставниците и родителите. Доследното почитување на мерките и протоколите во сите сфери, вклучително и образованието, може да придонесе состојбата со епидемијата што поскоро да се стабилизира“, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Од таму наведуваат дека стабилна епидемиолошка состојба ќе овозможи да се зголеми бројката на деца кои би ја следеле наставата со физичко присуство.

Министерката за образование пак најавите за бојкот на он-лајн наставата и своеволно отворање на училиштата за физичко присуство на учениците рече дека може да биде и санкционирано. Таква најава стигна од директорот на средното училиште „28 Ноември“ во Дебар.

„Можности за санскионирање постојат согсласно законот и одлуките на владата мора да с епочќитуваат бидејќи тие се интерес на здравјето на населението. Јас разговарав со градоначалникот, тој е поединечен став на директорот и градоначалникот потврдува дека прием на ученици со физичко присуство во таа гимназија нема да се случи туку дека ќе се почитува одлуката на владата“, вели Мила Царовска, министерка за образование.

Царовска притоа е на став дека засега нема бојкот на он-лајн наставата во ниедно училиште, туку дека станува збор за поедини ученици, за кои се надева дека ќе ја прифатат он-лајн наставата. Царовска евентуланото губење часови или недостатоци во учењето со Бирото за развој на образованието ќе се разгледаат формите како тоа да бдие надополнето.

„Дали ќе одлучиме во летните часови да имаат дополнителни часови, дали ќе одлучиме во наредната година да имаа некакво дополнување кај оние ученици кај кои ќе се јави недостаток на знаење ќе се договориме заедно со Бирото“, вели Царовска.

Но доколку се влоши целосната епидемиолошка слика што подразбира зголемување на број на заболени, начинот на кој вирусот е пренесен, како и ограниченоста на неговото ширење, не е исклучено да има затворање на градинки и училишта. Сепак, ваквите одлуки би се носеле врз прецизна епидемиолошка анализа и првенствено на локално ниво, поточно затворање на градинките и училиштата по одделни општини каде ќе се влошува состојбата со вирусот.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе