Македонија Најважни

Антикорупциска не му се извинува на Џафери, податоците за апанажите биле во бруто износ

Бруто, а не нето износот на апанажата е причина за препукувањето на релација Антикорупциска комисија и собранискиот спикер Талат Џафери.Претседателката на комисијата Билјана Ивановска во изјава за ТЕЛМА вели дека нема да му се извинат на Џафери затоа што податоците ги добиле од собраниските служби. Висината од 100 000 денари за апанажа биле во бруто износ,а за тоа немало никакво објаснување во дописот. Целта на анализата била да се покаже колку непродуктивни средства се трошат од државни институции и да се даде предлог тие да се намалат.

Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера како ноторна невистина и лага ги оцени наводите на антикорупциска дека просечната апанажа на пратеник изнесува 100 000 денари. Побара извинување а најави и дека во понеделник ќе се разговара за нивната одговорност затоа што Собранието е тоа кое  ги именува и разрешува.

Антикорупционерите не чувствуваат одговорност.

Антикорупцсиката комисија бара законски измени околу висината и правото на апанажа за  државните функционери.Според нивната аналзиа за четири години биле исплатени 1,8 милиони евра.Најмногу 78 биле од Собранието а 29 од Владата.

Јулијана Пешевскa

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска-Давкова го поздрави нон пејперот што го иницираа Мерц и Макрон

Kristina Kuzmanovski

ОН предупредува: Војната во Украина е „посмртоносна од кога било досега“

Kristina Kuzmanovski

Трамп: За неколку недели САД ќе прогласат победа над Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе