Свет Топ вести

На Трамп не му е потребен „дополнителен кислород“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, кај кого беше дијагностициран новиот коронавирус, почна да зема антивирусен лек Ремдесивир. Не му треба „дополнителен кислород“.

Тоа го соопшти Шон Конли лекарот на 74-годишниот шеф на државата, кој се кандидираше за втор мандат, јавија американски медиуми.

Трамп објави видео порака снимена во Белата куќа пред да замине кон воениот медицински центар Волтер Рид во Мериленд. Во неа тој им се заблагодарува на луѓето за нивните желби и вели дека се е во ред со него и првата дама Меланија.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, не треба да во доброволна изолација и може да продолжи да ги извршува своите секојдневни должности нормално. Тоа го изјави лекарот од Белата куќа според соопштение од американската влада.
Претседателот на САД, кој беше пренесен во воената болница Волтер Рид за лекување заради коронавирусот не му ги пренесе овластувањата на потпретседателот Мајк Пенс, изјави претставник на Белата куќа.

Трамп беше префрлен во воената болница Волтер Рид во предградие на Вашингтон, каде ќе ги помине следните неколку дена. Тоа е мерка на претпазливост откако претседателот беше позитивен на Ковид-19, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекнани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Греота е, но факултетот мора да си сноси одговорност“ вели Jaневска за студентите кои овој месец не добиле студентски оброк

Tea Dimkovska

Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе