Македонија

Предвремени избори за градоначалник во Штип и Пласница на 13 декември

Државната изборна комисија вечерва на седница донесе Роковник за предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип, кои треба да се одржат на 13 декември 2020 година.

Според Роковникот, Јавниот увид во Избирачкиот список започнува на 17 октомври и завршува на 5 ноември. Кандидатурите за градоначалник треба да се достават до 7 ноември. Изборната кампања започнува на 21 ноември, а завршува 10 декември. Ако има втор круг, изборната кампања завршува на 24 декември, а изборниот ден ќе биде на 27 декември.

ДИК го усвои и Упатство за гласање на лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на Ковид-19 или на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен здравствен инспекторат.

ДИК ќе поднесе барање до МВР за ажурирање на Избирачкиот список, како и барање до Министерството за информатичко општество и администрација за доставување  податоци за дополнување на избирачките одбори.

ДИК го усвои и Упатството за начинот и постапката за утврдување за просечна постигната цена и најниска цена за политичко рекламирање.

Предвремените избори во Штип и Пласница следат откако досегашните градоначалници преминаа во извршната, односно законодавната власт.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец се заканувал дека сите ќе ги убие, дека ќе го задави сопственото дете, извадил и нож

Kristina Kuzmanovski

Судско рочиште за поранешната антикорупционерка Димитровска

Kristina Kuzmanovski

Продолжува судењето за апелациониот судија Ристов

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе