Македонија Најважни

Закани и притисоци врз наставниците донесе новата учебна година, обвинуваат од синдикатот

Почетокот на новата учебна година донесе и закани и притисоци врз наставници и професори, обвинува Независниот синдикат за образование и наука.

Во некои од училиштата има недостаток на компјутери, а врз наставниците се прави притисок да користат свој лаптоп, свој интернет за којшто си плаќаат од свој џеб. Тоа што некои од директорите не го исполниле својот дел од задачата сега е товар на вработените во училиштата коишто се принудени да ги користат своите лични ресурси или во спротивно ќе добијат отказ, велат од Независниот синдикат за образование и наука.

„Има и наставници коишто не сакаат да донесат лаптоп и јас ги поддржувам во тоа, но имаа закани како отказ, земи неплатен одмор, сега си во право, но ќе дојде време кога ќе те начекаме. Такви некои ниски уцени.“ – изјави Томислав Гиевски, претседател на независниот синдикат за образование и наука.

Сега е важна солидарноста од секој еден наставник, е одговорот на министерката за образование и наука. Обврска на училиштата е да обезбедат опрема и во тек се набавки во најголем дел од нив.

„Имаме многу квалитетни наставници коишто помогнаа да го избуткаме овој процес, коишто беа национални обучувачи, коишто беа училишни обучувачи, уште се тука за поддршка на своите колеги и јас сум сигурна дека тие и сега ќе ја покажат својата солидарност се со цел да обезбедиме континуитет во учењето на нашите деца затоа што знаеме дека тоа е најважно за секое дете коешто е во развој.“ – подвлече министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Од Независниот синдикат, пак, освен за недостаток на опрема во дел од училиштата се пожалија и дека дел од наставниците особено оние од одделенска настава се соочуваат со дуплирање на бројот на часови.

Иако во Законот за наставници пишува дека 20 до 23 часа неделно е фондот на часови на неделна основа, од нив се барало да работат во две групи и двапати по дваесет, што е вкупно четириесет часа.

Со тоа може да се зголеми работното време на наставниците и над осум часа, што за нив е неприфатливо.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

До крајот на идната недела треба да се знае кој фирми ги исполнувата условите за нов снабдува со струја на домаќинствата

Дејан Дејан

Фирма од семејството на грчки Митилинеос, за 26 милиони евра ќе испорачува јаглен во РЕК Битола

Дејан Дејан

Насилниците не запираат, а жртвите молчат од срам и трпат бидејќи немаат каде

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе