Македонија

Членови на ВМРО-ДПМНЕ повикуваат да се искористи капацитетот на квалитетните кадри

Членови на ВМРО ДПМНЕ повикуваат партијата да го искористи капацитетот на квалитетните кадри. Поранешениот пратеник Илија Димовски апелира раководството на партијата да има поголем слух за потребите од промени затоа што само на тој начин може да се случи обединување.Тимчо Муцунски смета дека само преку национален консензус државата може да се европеизира.

Фондацијата ,,Конрад Аденауер,, ги седна на заедничка маса поранешни и сегашни пратеници, приврзаници на актуелното раководство но и оние кои се за промени во ВМРО ДПМНЕ. Разговараа за постизборните предизвици и ЕУ перспективите. Поранешниот пратеник Илија Димовски упати апел до актуелното раководство да го искористи потенцијалот на искусните и квалитетни кадри но и да ги слушне критиките за потребата од промени.

Пратеникот Тимчо Муцунски смета дека е неопходна европеизација на државата а тоа може да се постигне само со национален консензус.Европа не треба да биде само апстрактен поим за ниту еден политичар, вели Муцунски.

На трибината присуствуваше и поранешниот амбасадор и вицепремиер Васко Наумовски.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апелација го забрани штрајкот на контролорите на летање

Дејан Дејан

Не е кривично дело, да се помага – рече на судењето Миле Столевски кој полагаше за безбедносен сертификат наместо екс директорката на ДКСК

Дејан Дејан

Бронза за Стефан Стојановиќ од „Макпетрол“ на Универзијадата во Бразилија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе