Македонија

Заев: Македонскиот јазик и народ се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија

Премиерот Зоран Заев истакна дека гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија – тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ.

Како што кажа македонската влада е фокусирани на брзо решавање на ова прашањето.

„Јас верувам дека во сите тие документи и коментари кои излегуваат се само желба за решавање на ова четврто историско поглавје или шеста историска личност која може да бдие ослична можност да не сплотува, да не зближува да го јакен пријателството. Ќе бидеме внимателни во коментарите затоа што знаеме дека треба да постигнеме реѓшение кое што треба ќе носи придобивки на двете за двете страни и ќе биде за добробит и за позитивни позиции и на Северна Макеоднија и на Бугарија“, изјави премиерот Заев.

Посетата на министерот за надворешни работи Бујар Османи на Софија, како што кажа Заев, е претходница на неговата посета на Бугарија и средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, која треба да се оствари на крајот на месецов.

Но, во фокусот на Бугарија повторно е македонскиот јазик. Предлогот на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов, 24-ти мај да стане Ден на бугарската писменост го помина првиот филтер во бугарскиот парламент.

Нивниот аргумент е дека македонскиот јазик не постои, кирилицата е бугарско писмо, а дека тоа го докажала и бугарската академија на науките.

Поддршка за ова доби и од владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов. Истовремено, во телевизиско интервју, и шефица на бугарската дипломатијата, Екатерина Захариева го проблематизира македонскиот јазик.

Според неа, тој се` уште е отворено прашање.

На прашањето, дали Бугарија ќе го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, Захариева вели: „Сè уште сме во процес на дискутирање на преговарачката рамка во европските работни групи, таа се уште не е дојдена на ниво на амбасадори.“

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Кралството Норвешка донира 76 возила за Армијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе