Македонија

Бездомно куче нападнато со секира во Карпош

На само дваесети метри од полицискта станица Карпош , сцена како од хорор филм. Среде бел ден Карпошани ги вознемирил гласен крик од маалското куче  кое една деценија е нивен миленик.

Нашата соговорничка, која сакаше да да и биде скриен идентитетот, била прв сведок на немилиот настан. Видела дека некој го удира кучето , но напаѓачот избегал.

Маалскиот миленик , веднаш го однеле на ветеринар – за среќа, велат успеале да го спасат,а лекарот им кажал дека длабоката рана веројатно е направена од удар со секира или сатар.

Случајот бил пријавен и во полиција, а од МВР за Телма велат дека се работи на расчистување на случајот.

“На 28.08.2020 во 16.30 часот, Е.И. пријавила дека на 26.08.2020 во 17.30 часот на ул.Бранислав Нушиќ додека ги полевала цвеќињата на нејзиниот прозорец, забележала  НН машко лице на возраст од околу 30-35 години кое удрило куче. Се работи на расчистување на случајот” – соопшти МВР.

Од здруженијата за заштита на животни “Шепасти Ентузијасти” велат дека случаите на малтретирање на бездомни животни , кои неретко завршуваат и со убиство, се се почести .

Инаку на  сторител на вакво дело , според кривичниот законик е предвидено парична казна или затвор до една година.

Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година, се наведува во Кривичниот законик.

Ова не е прв случај на брутално убиство на бездомно животно.

Минатата есен малолетник во Аеродром искасапи две кучиња.

А, пред три години во Дебаар Маало пред угостителски објект сред бел ден со секира беше убиено куче.

На сторителот на овој грозоморен чин му беше изречена мерка за наплата на глоба од 1000 евра.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе