Спорт

Оливеира во последниот свиок дојде до историска победа за КТМ Тех3

Мотоциклистот на КТМ Тех3, Мигел Оливеира триумфираше на јубилената 90-та трката Мото ГП шампионатот што денеска се возеше за Големата награда на Штаерска во Австрија. Тој  стана првиот Португалец кој славел на една трка во најсилната класа и воедно му ја донесе првата победа во историјата на својот тим КТМ Тех3.

До триумфот стигна буквално во последниот свиок и ја искористи борбата на Џек Милер на Прамак Дукати и возачот на КТМ, Пол Еспаргаро. Милер го натера Еспаргаро да излета малку од патеката, а тоа од позадина го искористи Оливеира за да ја оствари историската победа. Милер и Еспаргаро мораа да се задоволат со второто, односно третото место.

Жоан Мир заврши четврти, а по него следуваа Андреа Довициозо, Алекс Ринс, Такаки Накагами и Бред Бајндер.

Трката ја одбележа и излетувањето на Маверик Вињалес, кој за среќа остана неповреден. Откажаа кочниците на неговата Јамаха, па мораше да скокне од мотоциклот при брзина од 200 километри на час за да се спаси. Мотоциклот удри во заштитната ограда и се запали.

Фабио Квартараро останува лидер во генералниот пласман со 70 бодови по пет извозени трки и покрај тоа што денеска заврши како 13-ти. Андреа Довициозо е втор со три бодови помалку, додека трет е Џек Милер со 56 бодови.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е на 13 септември кога се вози за Големата награда на Сан Марино на патеката „Марко Симончели“ во Мизано.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе