Најважни Свет

Аја Софија од денеска е џамија

Истанбул денеска е преполн со илјадници муслимански верници. Уште од синоќа, во поставени шатори чекаа влез во Аја Софија, која од скоро е џамија, а денеска по 86 години се одржа првата петочна молитва. Се беше подготвено. Послан беше тиркизен килим за дочек на верниците, а фреските и христинаксите обележја, меѓу нив и онаа на Марија со Исус, беа покриени со долги драпери.

Тројца имами, еден од нив професор по религиски студии, беа ангажирани за денешниот чин. На 11 контролни пунктови се чекаше ред во делот за молитва. По дезинфекцијата, се делеа маски и молитвени душеци за една употреба. И леб и чај за да се издржи на топлото време. Проценките се дека 350 илјади верници присуствуваа на молитвата. А меѓу нив и претседателот Ердоган, кој беше дочекан со громогласен аплауз. Всушност лично тој ја разгоре долгогодишната желба на турските националисти и исламисти, на Аја Софија да и биде вратен статусот на џамија од музеј. Неговата одлука предизвика жолчни дебати во истанбулското општество, но за верниците, денешниот чин е радосна вест.

Но, од другата страна на морето, камбаните во грчките цркви жално бијат.

 Православниот свет се обидуваше да му укаже на Ердоган да не предизвикува еден вид на крстоносна војна. Се обидоа да влијаат и муслиманските интелектиуалци, но за Ердоган тоа е суверено право на државата. Соседна Грција најмногу се противи, тврди дека се нарушуваат христијанските религиозни чувства. Од САД реагираше и грчкиот епископ.

Ако најголемиот и најважен христијански споменик во источното христијанство е претворен во џамија, тоа ги повредува чувствата на сите, не само од религиозна гледна точка, во истовреме ја зголемува и загриженоста за иднината на малцинствата во Турција, предупреди архиепископот Елпидофорос, од Грчката Православна Архиепископија на Америка.

Иако, денеска Аја Софија беше преплавена од верници, голем дел од Турците се скептици за оваа одлука. За аналитичарите, Ердоган со овој потег сака да го сплоти десничарското крило во неговата партија кое полека почнува да се ситни. И всушност ова е негова агенда за да ги прикрие другите проблеми во опоштеството.

„Аја Софија“ била најголемата христинска црква, изградена во шестиот век од Византијците, а во џамија е претворена по османлиското освојување на Цариград, во 1453 година. Но, потпис на одлуката за да стане музеј става Кемал Ататаурк во 1934 година и со тоа носи една нова надеж за модерен секуларизам во Турција. Но, туските исламисти успеаа со петиција да го оспорат неговиот потпис на Врховниот суд пред точно две недели.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Руски воен репортер загина во Украина

Дејан Дејан

Москва тврди дека уништила над 50 украински дронови, нападите предизвикаа пожари во руските електрани

Дејан Дејан

Претставничкиот дом на САД треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, Израел и Тајван

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе