Во строгиот центар на Скопје се запали возило, а бројни граѓани чија фреквенција е голема во овој период од денот се вознемирени.
Од видеото на Телма, се гледа дека станува збори за паркингот пред станбениот блок наспроти зградата на Македонска пошта. Додека запаленото возило гори, сообраќајот непречено се одвива и автомобилите се движат по булеварот.
Од министерството за внатрешни работи се уште нема информации, на местото на пожарот пристигнаа пожарникарски возила.
Командирот на противпожарната брига Скопје, Владимир Симоновски, за Телма потврди дека две возила се уште работат на терен и најави повеќе информации за подоцна.