Македонија

Реакција на ТВ Телма по жалбата на АВМУ пред Апелациониот суд

Користејки квалификации и невистини за уредниците во Телма и самиот медиум , АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда за Телма.  Основниот суд Скопје 1 веќе утврди дека Телма не го прекршила изборниот молк и дека  изјавата на министерот за здравство  Филипче, емитувана на 13 јули е од  јавен интерес и исклучиво во функција на информирање на јавноста за состојбата и справувањето со пандемијата со Ковид 19 а не прекршок од чл 76 од Изборниот законик.

АВМУ меѓу останатите докази во жалбата пред апелација, поднесува и записник од седница на советот. Од она што се гледа во записникот, директорот Трајчевски им раскажувал на колегите телефонски разговори со уредници во Телма, според кои тој, неточно ја интерпретирал содржината на разговорите и инсинуирајки дека Телма ја емитувала изјавата под политички притисок, без ваквиот став да го поткрепи со било  каков доказ.

Пред советот Трајчевски рекол дека цитирам ,, имало пријава од директорот на една  од 5 те национални телевизии дека во понеделникот на 13 ти јули е вршен жесток притисок  од владеачката партија врз медиумите  пресот на Филипче да биде објавен во вестите,затоа  што  ќе им донело големи политички поени.

Без да го наведе името на директорот и телевизијата Трајчевски тврди дека тој директор  одбил а единствено го емитувале Филипче Телма и Телевизија Алсат кои според   Трајчевски сакаат себе да се прикажат како професионални медиуми.

-Факт е дека Телевизија Телма емитуваше прилог во кој имаше изјава од министерот Филипче за подготвока на вториот  бран од Корона вирусот на 13 ти јули. Следниот ден телевиизјата доби прекршочна пријава од АВМУ по што уредникот на информативната програма  Снежана Лупевска Созен се јави во АВМУ за да провери за што е пријавата. По ова следеше допис од телевизијата до Советот на АВМУ во кој е јасно наведено дека Телма се водела единствено од потребите, јавноста да биде информирана со реалната состојба со кризата околу Ковид-19.  Телма нагласува дека апсолутно се невистините тврдењата на директорот на АВМУ, дека и покрај тоа што уредничката ја воочила грешката прилозите со Филипче се емитувани во вестите во 15 и 30, 18 и 30 и 21 и 30 ч. Факт е дека  Лупевска и Трајчевски разговарале телефонски но тоа се случи наредниот ден а не на денот на објавувањето на прилозите, што јасно се гледа и од листингот на телефонот. Неточно е и тврдењето дека изјавата на Филипче е пуштена поради политички притисок туку Телма се водеше исклучиво од  јавниот интерес, а овој став го зазема и Основниот суд скопје 1 со ослободителната пресуда, гласи ставот на ТВ Телма.

За професионалното непристрасно известување на Телма за време на изборите потврдува и извештајото на ОБСЕ  чии преставници присуствуваа на судењето во Основниот  суд.  Во извештјаот ОБСЕ  наведува дека Телма обезбедила еднакво пропорционална политички релевантна покриеност со главно неутрален тон.

И ССНМ оцени дека иницираната постапка од АВМУ против Телма е класичен пример на притисок врз објективното и професионалното информирање. Тие се изненадени што АВМУ препознал  кршење на изборниот молк и прикриена кампања во телевизиски прилог што се однесува на застрашувачките размери на епидемијата со Ковид-19.

ССНМ оцени дека се потребни измени на изборниот Законик а за законски измени е и претседатлеот на ДИК Оливер Дерковски според кого неправедно е под лупа за време на изборниот молк  да се ставаат само традиционалните медиуми.

Телевизија Телма смета дека АВМУ со ваквите постапки каде рестриктивно ги толкува законите,  се обидува да биде уредник во медиумите а не нивни регулатор како што е предвидено со законот бидејќи настанот каде се појавува Филипче го квалификува како цитирам ,, измислен,, и им сугерира на медиумите да го емитуваат по изборите.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро

Дејан Дејан

Гласаат 6.935 болни, затвореници, лица во старските домови

Дејан Дејан

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе