Ковид19 Македонија Топ вести

Ковид-19 во зградата на СЈО, Бубевски болен, Фетаи и двајца истражители изолирани

Обвинителот Гаврил Бубевски е позитивен на вирусот откако вчера му бил соопштен резултатот од тестирањето. Поради тоа неговата колешка Фатиме Фетаи е во самоизолација, а исто така уште двајца истражители сместени во зградата на СЈО кои имале контакт со него при работа на предмети се во задолжителна изолација и не одат на работа.

Двајцата обвинители го известиле кривичниот суд поради што утрешното рочиште за Монструм е одложено и процесот ќе продолжи на крајот на август. Бубевски и Фетаи последен пат бил во кривичниот суд во вторникот на претходното рочиште за Монструм.

Во судот немаа информации за заразеноста на обвинителот, туку биле известени дека обвинителството не е во можност да го застапува предметот. Бубевски е дома и во краток телефонски разговор ни истакна дека се тестирал затоа што често се движи во судот, а и дека немал сипмтоми.

-Се чувствувам добро, не знам од кого сум заразен. Одлучив да се тестирам за првпат бидејќи постојано сум во движење, а често одам и во судот каде има голем број на луѓе. Во епидемиолошката анкета истакнав дека со уште една обвинителка и двајца истражители имав долг состанок за отворени предмети по што е одлучено и за нивна изолација. Вообичаено ги применувам заштитните мерки, а состанокот беше долг, во една просторија и според епидемиолозите постои определен ризик за колегите, ни истакна обвинителот Гаврил Бубевски во телефонски разговор.

Од обвинителството потврдија дека двајца обвинители и уште неколку вработени се во изолација, меѓу кои еден е заболен. Зградата на СЈО ќе биде дезинфирана, затоа што таму е седиштето каде се наоѓаат и работат поранешните обвинители на СЈО. Изолираната Фетаи и истражителите ќе бидат тестирани дополнително.

Поради болеста, покрај Монструм ќе биде одложено и судењето за случајот Шамари во Центар закажано за во четврток, кое пак досега неколкупати беше одложувано затоа што и обвинетите за насилството и нивните адвокати наоѓаа начин со помош на короната да го избегнат соочувањето со правдата.

Кривично-правниот систем не е напднат од КОВИД 19 само во СЈО, туку и во Апелациониот суд во Скопје каде се заболени 5-мина судии и една стручна соработничка во кривичниот оддел. Поради тоа се откажани рочишта за 13 случаи кои ќе продолжат по судската ферија на крај на август.

Останатите кривични судења во скопска Апелација каде судиите изветсители се здрави ќе продолжат. Апелациониот суд ќе работи и за сите итни кривични постапки затоа што под скопскиот суд се и големите постапки за гонење организиран криминал и корупција.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе