Епидемијата на коронавирусот во Македонија, ризикот и опасностите кои ги носи самиот изборен процес, не се пречка кај 36,1 отсто од испитаниците да излезат да гласаат. На прашањето „Дали состојбата со коронавирусот ќе влијае на вашата одлука да излезете да гласате?“ 22,5 отсто одговориле дека целосно ќе влијае а 26,9 отсто дека донекаде ќе влијае на нивната одлука да излезат и да гласаат. Кај 10,7 отсто одговорот е дека донекаде нема да влијае а 3,4 отсто од испитаниците одгтовориле со не знам.
Ако се погледне дистрибуцијата на одговорите по етничка припадност – кaј 39,6 отсто од Мaкедонците корона-кризата воопшто нема да влијае, кај Албанците отј процент е 23 %. Целосно ќе влијае за 22,7 отсто – целосно ќе влијае кај Мaкедонците или 21,79 кај Албанците.
Анкетата на телевизија „Телма“ ја спроведе „М Проспект“ и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95%.