14-годишно девојче се удави во битолскиот базен

14- годишно се удави во  базенот Довлеџик во Битола, кој оваа сезона не е отворен за посетители.  Несреќата се случи денска на пладне,  а битолската полиција го потврди настанот, без да соопштат други детаљи. Базеното е во сопственост на ЈП „Стрежево“, но повеќе од две години  е издаден под концесија.

Приватниот концесионер денеска не сакаше да зборува пред камера за намелиот настан. Рече дека имаaт проблеми со групи деца кои влегуваат преку оградата и тврди дека не може да  контролира површината од 2500 метри квадрантни.

Од Стрежево пак жалат за немилиот настан, и велат дека концесионерот нема обезбедување за комплексот.

-Изненаден сум од  тоа што во овој период кога друг го стопанисува објектот би требало да има обезбедување за да не се случуваат вакви немили настани. Кога дојдов тука вратите беа ширум отворени, нашиот диспечер се обидел да ги отстрани децата, иако тоа не е во наша надлежност, вели Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“-Битола

Од битолската болница велат дека девојчето во урегнетното одделение е донесено без знаци на живот, а безуспешни биле обидите на лекарите за негова реанимација.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ