13 членки на ЕУ се против раздвојувањето на Македонија и Албанија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија на попладневниот состанок во Луксембург разговараат за новите драфт заклучоци доставени до шефовите на дипломатии со кои се предлага раздвојување на Македонија и Албанија во поглед на отворањето преговори за членство.

Дипломатски извори кои учествуваат на состанокот, за Телма велат дека тоа е главната точка од попладневниот дел на министерскиот состанокот, но се уште нема консензус околу тоа прашање.

Според нашите информации, најмалку 13 се против раздвојувањето на Македонија и Албанија.

Меѓу нив се Хрватска, Летонија, Словачка, Словенија, Романија, Унгарија и Италија.

Претходно, Франција и Холандија не прифатија да се одобри датум за преговори за Македонија и Албанија во пакет.  

За сега, како што се дознава никој од министрите немал забелешки за Македонија, но под условите што како комромис ги нуди финското претседателство.

Тоа значи да и се даде датум на Македонија сега, а првата меѓувладина конференција да се одржи во првата половина од идната година. До тогаш би се променила методологијата на преговарање на која инсистира Франција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ