10 – годишното момче кое настрада во сooбраќaјна несреќа се опоравува на клиниките

Минатата година еден загинат пешак, вчера 10 годишно момче удрено со автомобил се опоравува од тешки телесни повреди на скопските клиники. Трки со автомобили и мотори, возење со огромни брзини на улицата „Борис Сарафаов“ во населбата Ѓорче Петров. Но, и молк со години од институциите чиешто непостапување синоќа ги разгневи околните жители.

Детескиот џагор и играта на врсниците на само неколку метри од местото на ударот не ја покажува реалнта слика за оваа улица. Улицата „Борис Сарафов“ крие тајни. Иако од нова година навака полицијата напишала неверојатни 237 прекршоци за непочитување на сообраќајните правила, општината не се одзвала на барањето на граѓанските иницијативи да се стави крај на дивеењето на улицата.

Актуелниот градоначалник ја поддржал идејата на активистите, а на граѓаните им ветил семафор. И по една година молк, Телма дури денеска налета на екипата на Град Скопје којашто земеше мерки за семафорот. Освен достарената, несоодветна инфраструктура, најниската сообраќајна свест во регионот, ветените и неисполнети планови за велосипедски патеки на општинарите, одговорноста за смртта на дури 155 луѓе во 2017-та, а уште повеќе поразителни, 42-ца во градска средина се должи и на несоодветните казни во Законот за сообраќај, констатира Секретарот на републичкито совет за безбедност во сообраќајот, Ристо Манчев.

Полицијата синоќа забележала дека 46- годишен маж со возило „Опел Астра“ и покрај предупредувањата на колозвозот, знакот за пропишната  брзина и испрекинатата зебра за пешачки премин, го удрил, а потоа и го превезол до болница момчето. Пријава против возачот се уште нема.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ