ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЗА ЗАБОРСКА НА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО КАРАТЕ

Во конкуренција на 11 држави и 354 натпреварувачи,викендов во Истанбул се одржа 14-тото Балканско првенство за сениори-ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција. Каратистките на Макпетрол успеаја да освојат две медали еден златен и еден бронзен медал.

Македонската репрезентативка Симона Заборска успеа да го освои златниот медал на ова балканско првенство во категоријата -55 кг. Патот до медалот во елиминацискиот дел беше со постигнати три победи и тоа над:

-55 кг
Симона Заборска – Анџела Солдо (БиХ) 3-1
Симона Заборска – Дугче Демиш (Турција) 2-1
Симона Заборска – Јована Георгиева 2-1

Финале
Симона Заборска – Ана Драшковиќ (Црна Гора) 5-1

Наташа Стефановска, исто така имаше одличен настап на ова првенство,но полуфиналната борба ја загуби со минимален резултат 0-1, и потоа во репасажот за бронзен медал успеа да ја победи повеќекратната европска медалистка Јелена Максимович од Црна Гора.

Наташа Стефановска – Аделина Рама (Косово) 0-0
Наташа Стефановска – Милица Гарибовиќ (Србија) 6-0
Наташа Стефановска – Ивет Горанова (Бугарија) 0-1

Останатите спортисти од Макпетрол кои настапија за репрезентацијата на Макеоднија ги постигнаа следните резултати:

Моника Пендаровска (-55кг) – Марија Кристна Ротару (Романија) 2-0
Моника Пендаровска – Гулсен Демиртурк (Турција) 1-2

-68 кг
Ангела Мојсовска – Саније Коџали (Турција) 3-0
Ангела Мојсовска – Белма Омеровиќ (БиХ) 2-0
Ангела Мојсовска – Ивана Бебек (Хрватска) 0-2

-75 кг

Петар Заборски – Маријан Логурушиќ (Хрватска) 0-0
Петар Заборски – Хаки Озбај Ибрахим (Турција) 2-0
Петар Заборски – Беким Баша (Албанија) 0-0

-50кг.

Сара Радичевска – Севил Баш (Турција) 0-2

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ