ЖРК ВАРДАР ПОДГОТВЕН ЗА РЕВАНШОТ СО МИТЈИЛАНД

ЖРК Вардар за последен пат ќе истрча пред скопската публика во актуелниот состав.Европските вицешампионки го пречекуваат Митјлинад во реванш четврфинален меч.Македонските првенки имаат предност после победата од 24-23 на гостувањето во Данска и посакуваат пред полна сала да го заверат петтото учество на Ф4 во ЛШ.

Добро знаеме што е нашата задача на дуелот в сабота. Во Данска имавме катастрофално прво полувреме, но во вториот дел го спасивме мечот. Знаеме што не очекува. Добро е што победивме. Направивме анализа на првиот меч и подготвени сме за оваа средба. Мораме да бидеме далеку подобри доколку сакаме да направиме добар резултат. Работевме напорно и сите сме подготвени за она што ни претстои. Очекуваме добар резултат. Се подготвуваме на секој план, и тактички и психолошки. Нема потценување на противникот-истакна на денешната прес конференција тренерот на ЖРК Ирина Дибирова.

Дојдовме до самиот крај. Во „Јане Сандански“ го играме последниот натпревар заедно. Мислам дека заслужуваме полна сала и ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број. Многу ни е тешко но ќе најдеме сили емоциите да ги надминеме. Победивме на првиот натпревар, но не покажавме тоа што можеме. Мораме да ги поправиме грешките од Данска. Верувам во тимот и верувам дека ќе се пласираме на завршниот турнир во Будимпешта- изјави Јованка Радичевиќ

Натпреварот Вардар-Мијтјиланд ќе се игра во СЦ Јане Сандански ,в сабота со почеток од 17 часот.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ