Забраната за возила ќе ги затвори комерцијалните објекти на Водно

Фамилии на работ на егзистенција, во опасност да останат без работа и без никакви примања. Прометот на стопанствениците кои работат во комерцијалните објекти на Средно Водно е драстично опаднат, прашање на време е кога ќе бидат принудени да ги затворат своите објекти поради недостаток на муштерии, а и на работници.

Во рамките на краткорочни мерки за решавање на проблемот со загадувањето во главниот град, Советот на Град Скопје има донесено одлука во Службен весник со која што се гарантира бесплатен превоз и бесплатен паркинг со пробни линии на Јавното сообраќајно претпријатие, вели Горан Арсовски, претставник на стопанските субјекти од Средно Водно.

Знаците кои што се поставени покрај патот со кои се оневозможува движењето на патот, се као што вели Горан, незаконски поставени. Со тоа се спречени луѓето да го посетат најблиското излетничко место во градот.

Поради овие причини, тие поднеле и претставка до Народниот Правобранител како и до Хелсиншки комитет на човекови права, а за овој проблем го информирале и Премиерот на Македонија. Ако овој проблем не се реши наскоро, тие ќе останат на улица.

Како што вели Арсовски, на скопјани им е ускратено и правото на вероисповед со тоа што се оневозможени да го посетат верскиот храм Мала Богородица, веќе нема венчавки ниту крштевки.

Ставот на Градот е дека Водно е рекреативно место чија природа треба да се чува, па поради тоа тие донеле одлука да не може секое возило да го оштетува зеленилото и просторот.

 

Од градот велат дека се во фаза на разгледување на взаемно прифатливи решенија, а кога ќе имаат нешто поконкретно ќе излезат во јавноста.

Петар Догов

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ