Владата одлучи Мерцедесот да оди на аукција

Владата  одлучи Мерцедесот од бомбите да оди на продажба со електронско јавно наддавање, со почетна цена од 230 илјади евра. Тој беше купен на барање на поранешниот премиер Никола Груевски по цена од 600тини илјади евра и за овој случај се води судскиот процес Тенк.

По вчерашната седница од Владата соопштија и дека во акцијата на денот на дрвото од 2008 до 2016та биле потрошени 18 милиони евра, а успешно биле засадени само 21 процент садници.За палмите биле потрошени 31 милион денари, а од нив не прежиевеала ниту една.

Владата одобри и две нови странски инвестиции, ќе бидат прифатени препораките на УНЕСКО за заштита на охрифдскиот регион. Ги задолжи министерствата да ги достават приоритетите за реформи планирани до крајот на годината.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ