Зврлевски ќе биде разрешен утре

16 August, 2017 - 20:58

Утре Собранието ќе гласа за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски. Попладнево, расправата беше затворена откако ВМРО ДПМНЕ ги повлече сите пријавени за реплики и за дискусии. Објаснија дека повеќе не сакаат да учествуваат во незаконска постапка на разрешување. За нив, клучен доказ е мислењето на Антикорупциската комисија, која наведува дека „има законски пречки Владата, Собранието и другите надлежни да именуваат и да разрешуваат лица во државните и јавните институции“.

Мислењето на Антикорупциска стигна до Талат Џафери. Тој вели дека не призведува никакви правни дејствија бидејќи не го побарал ниту тој ниту генералниот секретар, туку пратениците на ВМРО ДПМНЕ.
И правните експерти имаат слично мислење. Професорот Борче Давитковски вели дека воопшто немало потреба да се бара мислење од Антикорупциска и дека Собранието несомнено има право да избира и разрешува функционери во предизборниот период.
Расправата за разрешување на Зврлевски траеше 13 работни дена. Предлогот дојде од Владата, која смета дека вака треба да почнат реформите во правосудството.

Веста е прочитана 9024 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.