Жив штит од демонстрантите во одбрана на полицајците (Видео)

6 May, 2015 - 21:29

Помала група од демонстрантите кои и натаму се присутни пред законодавниот дом, започнаа вечерва да фрлаат стаклени шишиња кон полицајците кои се дел од обезбедувањето на македонското собрание.

Во обид да спречат ескалација на ситуацијата, 15-тина девојки, учеснички на протестот застанаа пред полицискиот кордон, во обид да ги заштитат припадниците на обезбедувањето, барајќи да запрат провокациите, кои може да предизвикаат нови судири.

Дојде и до расправии меѓу присутните демонстранти, од кои поголем дел бараат продолжување со мирните протести и помалата група која ги провоцира полицајците.   

 

 

 

Веста е прочитана 314 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.