Земјотресите не предизвикале сериозни штети во Охрид

16 July, 2017 - 16:24

Освен старите градби, нема сериозно оштетени објекти во Охрид во серијата потреси што го тресат градот речиси еден месец. Најсилниот земјотрес се случи на 3-ти јули со магнитуда од 5 степени по Рихтер, а контролата што на терен ја вршат екипи на ИЗИС и стручни лица од општината, покажала дека објектите во Охрид се од цврста градба.

„Прописите кои посотјат во джавата за асеизмичка градба се почитувани. Ние не очекуваме, а и не видовм ниту пукнатини во бојата на оние носиви конструкции. Она што е стратешко за Охрид се старите објекти за кои и во оваа прилика ќе кажам дека треба да се обрати внимание“, рече Вероника Шандова од ИЗИС.

До општинската комисија пристигнале околу 500 барања за штети кои ги утврдуваат стручни тимови. Дополнително општината поднела барање до министерството за транспорт и врски, дел од државните градежни инспекциски служби да извршат увид во стариот дел од градот на напуштените стари објекти, а проценка се врши и на оштетните стари градби во кои се живее.

„Да се направи увид и комплетна стручна анализа на оштетувањата врз основа на што следуваат препораки од стручните лица дали тие објекти се безбедни за живеење или не се“,изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Според стручните лица тлото во Охрид полека се смирува, но не може да се предвиди кога ќе престанат земјотресите, кои последните денови се со слаб или умерен интензитет.

 Горан Момироски

Веста е прочитана 623 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.