Здравството останува во рацете на Алијансата, ДУИ воздржана

13 November, 2017 - 18:48

Министерското столче во здравството е резервирано за Алијансата на Албанците. Партијата најверојатно до крајот на неделата на централен ќе го избере наследникот на Таравари. Договор паднал завчера на средбата Села – Заев. Од СДСМ потврдуват дека здравството останува во рацете на Алијансата, од ДУИ се воздржани. Нема партиски став околу тоа дали ќе го подрржат кандидатот на Алијансата или не. Ова прашање велат воопшто не било отворено во партијата. Калкулирањето околу празното министерско столче за лекрската фела е крајно несериозно.

„Ваквиот однос кон секторот здравство, кој што е крајно значаен за целокупното население, во најмала рака е неодговорен и недозволив. Точно е дека ќе кажат дека може сам да функционира, но тое е погрешно. Ние бевме под една пресија на насилно наметнување закони, реформи...кои еден министер ги правеше, но го немаше посакуваниот епилог. Не знам зошто се`уште така неодговорно се однесуваме во овој сектор“, кажа д-р Милчо Пановски, дигестивен хирург.  

За фелата, дискутабилни се и некои од имињата за идни министри кои одекна во јавноста. Се шпекулираше дека токму Села ќе ја преземе контролата во здравството, а се споменуваше и новиот директор на офталмологија, Беким Татеши, кој исто така е од редовите на Алијанста. Медиумите пишуваа и за Беким Процеста, како можен кандидат за нов министер. Шпекулациите досега ниту некој ги негираше, ниту пак ги потврди.

„Прашале некој човек далки знае да свори виолина, рекол не знам не сум пробал. Така што, и кандидатите кои се спремаат за министри, бар оние што се споменуваат во информативните програми, се луѓе кои не пробале да бидат министри, и сите мислат дека можат да бидат министри“, кажа д-р Милчо Пановски 

Здравството под палката на Тараври не претрпе речиси никакви промени. Главните реформски подвизи на министерот  беа кадровските смени и тројазичните табли, и едните и другите наидоа на жестоки и негативни реакции во јавноста. Таравари најавуваше крупни реформи, но по околу три месеци раководење со секторот, одлучи да влезе во трка за градоначалник за Гостивар. Изборите ги доби, а партијата се`уште му бара наследник.

Весна Јовановска Дојчиновска

Веста е прочитана 3838 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.