Заврши распитот на Јордан Мијалков

18 October, 2017 - 13:04

Само што заврши распитот на Јордан Мијалков, син на поранешниот началник на УБК Сашо Мијалков, кој денеска даваше исказ во полициска станица Кисела Вода за настаните од 27 април во Собранието, но не сакаше да зборува пред камерата на Телма.

Неофицијално пред истражителите кажал дека вечерта бил на протести, како и секоја вечер, влегол во Собранието само на десетина минути, отишол до пленарната сала каде што се поздравил само со поранешниот член на обезбедувањето на тогашниот директор на УБК Мијалков и веднаш излегол. 

 

Веста е прочитана 4863 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.