Загриженост по одлуката ан Трамп за Ерусалим

7 December, 2017 - 11:05

Контроверзната одлука на американскиот да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести Амбасадата од Тел Авив предизвика загриженост во светот. Одлуката е во спротивност со долгогодишната политика на САД дека статусот на овој град треба да биде договорен меѓу Израел и Палестинците. Сите претседатели до сега потпишуваа одложување на извршувањето на одлуката на Конгресот за преместување на амбасадата, но Трамп одлучи да ја премести.

„Како што кажа претседателот попладнево, тој оствари едно дамнешно американско ветување и тоа е во најдобар интерес на САД. Пред повеќе од две децении, Конгресот донесе закон кој му наложуваше на претседателот да ја премести амбасадата во Ерусалим и да го признае градот како главен град на Израел“, изјави потпретседателот Мајк Пенс.

Ерусалим е свето место за трите светски религии: Јудаизмот, Христијанството и Исламот, а меѓународната заедница долго време го смета за неутрален. Противење на американската одлука за признавање на Ерсуалим изразија и генералниот секертар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини.

Преселбата на Амбасадата би можело да биде одложена шест месеци, но процесот и без тоа најверојатно би траел три до четири години, затоа што треба да биде одбрана локација и изграден објект кој ќе ги задоволува безбедносните стандарди.

Игор Трајков

Веста е прочитана 571 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.