Забранет е влез на тешки товарни возила во Грција поради лошото време

11 January, 2017 - 18:29

Расте бројот на камиони кои што се заглавени во меѓуграничниот простор на македонско - грчката граница Богородица - Евзони. Околу осумдесет тешки товарни возила со часови чекаат да бидат пропуштени на грчка територија.

Од македонската гранична служба велат дека добиле известување од грчките колеги дека синоќа од два часот е забранет влез во Грција за камиони заради лошите временски улови и состојбата на патиштата. Засега на македонската страна на границата нема голема гужва, бидејќи голем број камиони се враќаат откако дознаваат за забраната за влез во Грција.

Граничните служби на преминот Богородица велат дека немаат дополнителни информации до кога ќе важи забраната за влез во Грција.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 888 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.