Втората смена во градинките не го решава проблемот

22 October, 2017 - 14:44

Воведувањето на втора смена во детските градинки во Тетово, нема да го реши просторниот проблем, со кој подолг период се соочува оваа установа.  

Директорката на градинката „Младост Тетово“, Рамије Даути, рече дека само со изградба на нови градинки, листата на чекање за упис во градинките во Тетово, која секоја година се зголемува, ќе биде минато.

Но, засега ваквите капитални инвестици не се најавуваат ниту од централната, ниту од градската власт.    

Петте објекти на детската градинка „Младост Тетово“ имаат просторен капацитет за згрижување на петстотини деца, но во објектите со одлука на советот на општинат престојуваа 300 деца повеќе од предвиденото, а над 200 се на листа на чекање.

Од раководствотото на градинката, велат дека за ублажување на просторниот проблем, дел од просториите од одредни јавни установи во селските средини во рамки на општина Тетово, се пренаменуваат во детски градинки.

Во Тетово повеќе од половина век не е изградена ниту една детска градинка, а само во еден објект се згрижуваат деца во втора смена. Родителите треба дополнително во наредниот период да се изјаснат, дали имаат потреба и во другите објекти да се воведе втора смена.

Зоран Димовски

Веста е прочитана 1528 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.