ОН вознемирени поради ескалацијата на спорот со Северна Кореја

11 August, 2017 - 13:38

Обединетите нации соопштија дека генералниот секретар Антонио Гутереш е „вознемирен" поради се поострата реторика на сите страни вклучени во нуклеарниот спор околу Северна Кореја и подгревањето на тензиите со САД.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик изјави дека генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, „ги поздравува сите иницијативи што ќе помогнат во деескалација на тензиите и враќање на дипломатијата"

На прашање дали генералниот секретар на ОН би можел да биде посредник во таа ситуација, Дижарик изјави дека тој секогаш е подготвен за такво нешто. ОН имале пратеници за Севрна Кореја, но Дижарик вели дека "секоја ситуација е поинаква и важно е да не се прават празни гестови".

 

Веста е прочитана 478 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.