Во Куманово битка во Диво Насеље- врвот на БЈБ на морски плодови

13 July, 2017 - 16:26

За време на борбите во Диво Насеље во мај 2015-та, ресторан по нарачка на врвот на Бирото за јавна безбедност подготвил ручек од 5 порции морски плодови, 3 пастрмајлии, салата и парче лосос. Нарачката е регистрирана по 13 часот во саботата на 9-ти мај, додека во Диво Насеље уште интензивно се војуваше.

Ноќта пред да почне кумановската битка со терористичката група – врвот на УБК во ресторан во Градскиот парк во Скопје вечерал повторно во вредност од 500-тини евра.

Податоците беа објавени на брифинг во МВР.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 18682 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.