Во Кривичен судско рочиште за „Труст“

14 November, 2017 - 10:23

На за денеска закажаното судско рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст" се појави и првообвинетиот, бизнисменот Сеад Кочан.

Одбраната на Кочан повторно вели дека не им се дадени сите докази на увид и побараа од судот да го задолжи Специјалното јавно обвинителство да ги даде сите докази што ги навело на листата, а тие да имаат доволно време да ги разгледаат. Велат дека во рокот од минатото рочиште, кое беше на 7 ноември, до денеска, тие се обиделе да ги споредат доказите, но според нив имало и такви кои воопшто не се однесувале на јавната набавка што е предмет на обвиниението.

Инаку, претходното рочиште беше одложено по забелешката на одбраната на Кочан дека обвинетите примиле само обвиненија, но не и листата на докази што ги предлага СЈО. Тогаш од Од Специјалното јавно обвинителство рекоа дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и дека според процедурата, судот е должен да и ги предаде на одбраната листите со докази покрај обвиненијата.

Според обвинението, осомничените - бизнисменот Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Веста е прочитана 1313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.