ВМРО-ДПМНЕ обвини за партизација во МВР

16 July, 2017 - 16:28

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека се врши партизација во Министерството за внатрешни работи и се принудуваат вработени да поднесат барање за да бидат прераспоредени на пониски работни места.

„Ваквите закани не се упатени само кон вработени во Скопје, туку и по секторите за внатрешни работи низ државата. Таргет се сите професионалци кои не постапуваат по партиските наредби на Оливер Спасовски“, рече Саше Павловски на прес-конференција во седиштето на партијата.

Павловски оцени дека она што го прави министерот за внатрешни работи е незаконски и во спротивност во Колективниот договор и Законот за внатрешни работи.


„МВР мора да одговори колку решенија се поделени изминатиов период и кои се причините за смени. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДСМ и правдата да ја бараат пред повисоките органи.
 ВМРО-ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола“, рече Павловски.

Веста е прочитана 648 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.