Вкрстена проверка, па потоа одлука за спорните пријави

11 March, 2016 - 22:14

Прво вкрстена проверка на податоците, па потоа одлука дали и како ќе се постапува по најспорните пријави на граѓаните за неправилнсоти во избирачкиот список. Државната изборна комисија вечерва едногласно одлучи за основаноста на стотиците пријави, кои се однесуваат на лицата со престој во странство, лицата кои немаат живеалиште во Македонија и лицата кои ги има на повеќе адреси, да пресече откако ќе заврши вкрстената проверка на податоците од институциите.

- Ова се однесува на пријави на граѓани на лица кои не живеат на таа адреса, се отселени или се во странство. Иако лицето е на времена работа подолго од три месеци или една година, тоа пак има право да биде запишано во избирачкиот список и таквите лица се обележани со ѕвездичка, рече Атанас Урумов, член на ДИК.

Пријавите за починати лица кои ги има во избирачкиот список, ДИК ќе ги проверува во Управата за водење матични книги, а оние за одземена деловна способност во основните судови низ државата. Исто така, во надлежните иснтитуции ќе се проверува и дали во списокот има малолетни лица или лица кои не се државјани на Македонија.

- Иако избирачкиот список се води по регистарот на државјани на РМ, сепак и по овој основ барам ДИК преку својата стручна служба да изврши увид во регистарот на државјани на РМ, кој се води во МВР и за истото повратно да ја извести ДИК, реагираше  Атанас Урумов, члена на ДИК.

Во ДИК пристигнале и четири барања од лица кои од безбедносни причини побарале нивните адреси да бидат избрашани од списокот достапен на интернет. Од комисијата информираа дека тоа е во согласност со изборниот законик и дека веќе е даден налог да се постапи по барањата.  

Мирко Трајановски

Веста е прочитана 1535 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.