Верските лидери потпишаа Декларација за осуда на тероризмот

14 December, 2015 - 12:35

По повод актуелните терористички напади во светот, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи заедно со петте верски лидери потпиша Декларација за осуда на тероризмот кон која се придружија и другите цркви, верски заедници и религиозни групи во Република Македонија.

Како што информира денеска Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, со Декларацијата најостро се осудува религиски мотивираниот тероризам заснован врз различно верско убедување и се повикува на мир, толеранција, меѓусебна почит, соживот и на спречување на вакви и слични злодела во иднина, кои се спротивни на сите светски религии. 

- Со потпишувањето на овој документ се покажува заедништвото на црквите, верските заедници и религиозните групи во Република Македонија и нивното коалицирање кога е во прашање борбата против тероризмот, што е содржано и во Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации и меѓународните декларации и конвенции за човекови права, се вели во соопштението од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

Веста е прочитана 141 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.