Валкана кампања

7 December, 2016 - 19:33

,,Да  беше  Гоце Делчев денеска жив на него ќе му беше пратен само Ќосето да ја заврши приказната со таков човек,,оваа порака вчера од Делчево му ја испрати Груевски на Заев, предизвикувајќи лавина реакции. Дали ова е закана по живот, кој бил Андон Ќосето, егзекутор или војвода?

Реагираше и СДСМ. Заев зборува за живот, Груевски за смрт. Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника, се вели во партиското соопштение.

Аналитичарите велат дека иако сме во предизборен период, политичарите мора да бидат максимално одговорни за тоа што го говорат.

Остануваат уште два дена од изборната кампања во која партиите треба да ги убедат граѓаните за кого ќе го дадат својот глас на 11 декември. Експертите апелираат до политичарите да не дозволат да го изгубат човечкото достоинство и да се воздржуваат од клевети и навреди.  

Јулијана Пешевска

Веста е прочитана 384 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.