Утре во Брисел средба Коѕијас - Нимиц

16 July, 2017 - 15:55

Според известувањето од канцеларијата на Нимиц, средбата меѓу посредникот Метју Нимиц и грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас  е на барање на Грција. Таа следи  по посетата на Нимиц на Македонија, а нејзината цел е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок на преговорите во спорот со името. Пред неколку дена Коѕијас во телевизиско интервју   беше прашан за црвените линии на грчката влада, но тој тогаш одговори дека би било голема грешка  однапред да се произнесе  на еден јавен настап. Од оваа средба поранешниот македонски амбасадор во Грција Љупчо Арсовски не очекува многу. Таа е само во циклусот средби кои Нимиц ги има со двете страни, вели Арсовски.

Досега, грчката страна по ниту една средба со Нимиц или со македонските претсставници не покажа поместување во однос на името. Позицијата останува иста - сложено име за севкупна употреба. Пред неколку дена Коѕијас во интервју за грчката телевизија Антена, ја обвини Македонија за иредентизам, неподготвеност, но и дека е разгалена од меѓународната заедница. НА  трилатералната средба во Солун меѓу Ципрас – Вучиќ - Борисов Грција повтори дека без решен спор за името Македонија нема да добие подршка за членство во евроатлантските интеграции. Амбасадорот Арсовски сепак очекува придвижување на работите во однос на името и тоа под влијание на ЕИ и на САД.Тоа ќе зависи од добро сработената работа дома.

Во Брисел в вторник се одржува советот за стабилизација и асоцијација помеѓу ЕУ и Македонија. Македонската делегација ќе ја предводи министерот Димитров кој во Брисел. Според, МНР средба на Димитров со неговиот грчки колега  Коѕијас не е предвидена.

Сања Јовановиќ - Дамјановска

Веста е прочитана 420 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.