Специјалното обвинителство ги отфрла наводите во кривичната пријава

31 January, 2016 - 15:24

Ниту еден обвинител не постапил надвор од законските овластувања, тврдат од Специјалното јавно обвинителство. Ги отфрлаат наводите дека истражители малтретирале граѓани, како што се наведува  во кривичната пријава доставена до Скопското јавно обвинителство.

-Специјалното обвинителство во целост ги отфрла наводите во кривичната пријава. Обвинителите постапуваат во согласност со своите процесни овластувања. Сите обвинувања за притисоци и закани врз одредени лица во текот на постапката на истражување се неосновани. Тој што тврди поинаку треба и да докаже, рече Ленче Ристовска, портпарол на Специјалното јавно обвинителство.

Скопското јавно обвинителство потврди дека примило кривична пријава од приватно лице против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева и против неколку непознати за кривично дело малтретирање во вршење на службата. Лицето, чиј идентитет не е соопштен, тврди дека му се заканувале и се обидувале да му изнудат изјава. Скопските обвинители треба да одлучат дали ќе го процесуираат овој случај.

На оваа тема утре нема да се разговара во Советот на јавни обвинители. Јанева е повикана од специјално формираната комисија да даде исказ зошто ги отстрани од својот тим обвинителкитеЛејлаКадриуиМаријаЃоревска.

Ниту еден обвинител не постапил надвор од законските овластувања, тврдат од Специјалното јавно обвинителство. Ги отфрлаат наводите дека истражители малтретирале граѓани, како што се наведува  во кривичната пријава доставена до Скопското јавно обвинителство.

-Специјалното обвинителство во целост ги отфрла наводите во кривичната пријава. Обвинителите постапуваат во согласност со своите процесни овластувања. Сите обвинувања за притисоци и закани врз одредени лица во текот на постапката на истражување се неосновани. Тој што тврди поинаку треба и да докаже, рече Ленче Ристовска, портпарол на Специјалното јавно обвинителство.

Скопското јавно обвинителство потврди дека примило кривична пријава од приватно лице против тројца обвинители од тимот на Катица Јанева и против неколку непознати за кривично дело малтретирање во вршење на службата. Лицето, чиј идентитет не е соопштен, тврди дека му се заканувале и се обидувале да му изнудат изјава. Скопските обвинители треба да одлучат дали ќе го процесуираат овој случај.

На оваа тема утре нема да се разговара во Советот на јавни обвинители. Јанева е повикана од специјално формираната комисија да даде исказ зошто ги отстрани од својот тим обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоревска.

-Утре во 11 часот Специјалната обвинителка Катица Јанева ќе се јави на поканата од Советот на јавни обвинители. Таа пред комисијата ќе ја образложи својата постапка, која целосно е во согласност со законот. Не е спорно дека Советот има законско право да поставува прашања за работата на Специјалното обвинителство, рече Ристовска. 

Овие денови Специјалното обвинителство се држеше до објаснувањето дека двете обвинителки се прогласени за вишок во согласност со обемот на работа. Тие веќе дадоа изјави пред комисијата. Ниту една страна не ги потврдува шпекулациите за изгубена меѓусебна доверба. Но во Советот потенцираат дека тие се единствениот орган кој има право да ја контролира работата на Јанев

-Специјалната обвинителка за своите постапки одговара единствено пред Советот на обвинители. Ова е вонредно повикување поради сомневањето дека процедурата е прекршена. Сосема друго прашање е законската обврска за поднесување извештај за преземените активности на секои шест месеци, смета Петар Аневски, претседател на Советот на јавни обвинители.

 

На утрешната средба, нема да се отвори ниту прашањето за постапувањето со материјалите преземени од СДСМ. Советот побара и ќе добие писмено образложение.

Сонја Николовска

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.