УЈП може да ги проверува трошењата

11 July, 2017 - 19:11

УЈП може да ги проверува трошењата што одредени министри од претходниот владин состав ги правеле со службените картички. Откако Телма обелодени дека екс министерот за одбрана Зоран Јолевски, не штедел на луксуз и дека службената картичка ја празнел за најскапи хотели и елитни ресторани, даночниците велат дека можат да ги следат трошењата на бивши и сегашни функционери, но ако тоа го побара некоја од надлежните институции.

УЈП ќе прави засилен мониторинг на прометот пред одржувањето на Супер купот, Пивофест, Струмица Опен фестивал бидејќи кај 325 хотели, мотели, ресторани и барови е утврдено дека го прикривале прометот, не плаќале данок и користат стари фискални апарати. Дел од нив се затворени, а за други е поведена постапка за даночно затајување.

Во првата половина од годинава во буџетот влегле за 3,16 % помалку пари од даноци а згоплемена е наплатата на придонесите. Причините за потфрлањето се лоцираат во долгата политичка криза која ги намали инвестициите и потрошувачка. Новата т.н. листа на срамот ги извади на површина имињата на 4454 правни и физички лица кои имаат вкупен долг од 196 милиони евра или 3 мил. повеќе од минатиот месец. Наплатата на долговите ќе се интензивира рече Лукаревска а од септемрви ќе се објави и листа на 100 најголеми редовни плаќачи на даноци.

Даночните реформи што ги најави УЈП с еоднесуваат на почеток на тестирањето за новиот систем за Е-персонален данок, укинување на годишни извештаи и издавање на препополнета годишна даночна пријава по електронски пат што значи дека УЈП ќе ја пополнува пријавата, а граѓаните ќе ги верификуваат податоците. Од следната година се очекува и почеток на најавениот проект за враќање на 15 % од ДДВ за граѓаните.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 4374 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.