УЧК требала да држи прес, а не да војува во Дива Населба

17 February, 2017 - 18:20

Ноќтта на први мај 2015, дваесетина вооружени борци на УЧК илегално ја преминале границата со Косово и Македонија. По, 5 километри пешачење ноќтта ја минале  с. Белановце. Ги пречекале командандите Бег Ризај и Мирсад Ндречај со подготвени униформи и калашникови ,а со комби возило ги сместиле во Дива Населба. Мотивот и целтта на поранешните команданти и борци биле со објави во медумите да ги пристиснат властите да го почитуваат Рамковниот договор. Отфрли дека тој командувал, а вината за жртвите на двете страни ја префрли на загинатите Ндрецај и Ризај. 

„На 7 и 8 мај ги предупредив Мирсад Ндрецај и Бег Ризај дека треба да ја напуштиме Дива населба зашто веќе станува ризично и им реков дека по секоја цена мора да си одиме. Ми одговорија да бидам спокоен и да не грижам и дека се е средено, а во Дива населба ќе сме останеле до 19 мај.“ вели Сами Укшини, обвинет за тероризам.

Прашан од обвинителствотво  кој им ја гарантирал дискрецијата и безбедноста во срцето на Куманово, Укшини рече дека со тоа лице разговарале само двајцата организатори, но е уверен дека тие биле наивни и наседнале на политичка игра. Во верзијата на првообвиниетиот Сами Укшини во судницата, полицијата на 9 мај дошла со стотици полицајци и тешко вооружување. Тие, пак, немале намера да војуваат туку да чекаат да падне ноќ и да го пробијат обрачот за да се извлечат. На тоа претходеле преговори со мисијата на ОБСЕ во земјава за предавањена полициските сили, кое случило во 19 часот. Укшини или Командант Соколи вели да знаел дека по, приведување ќе бидат тепани и малтретирани немало да се предаде, а да ја имал командата во свои раце и да го сакал тоа ќе загинеле двесте, а на 18 луѓе. Сепак, жали за сите што загинале, но дека тоа не е по негова вина. Иако најавувано од одбраната, Укшини не спомена имиња на виоски функционери и политичари од земјава. Неговото место на клупата за сведочење ќе го превземе Мухамед Красниќи со прекар Командант Малишева, исто така обвинет за тероризам. 

 

Павле Беловски

Веста е прочитана 30117 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.