Ученици изгореа во пожар во Куала Лумпур

14 September, 2017 - 11:05

Најмалку 24 ученици и учители настрадале во голем пожар кој избувнал во едно верско училиште, во главниот град на Малезија, Куала Лупмур, пренесе Би-би-си.

Пожарот избувнал во раните утрински часови во училиштето „Тахфиз Дарул Куран Итифакијах“. Се претпоставува дека учениците и нивните учители настрадале бидејќи останале заробени во просторите на училиштето, на чии прозорци имало метални решетки.

Според првичните проценки, во пожарот страдале 25 лица, но потоа полицијата бројката ја намали на 24. Меѓу загинатите има 22 ученици, на возраст од 13 до 17 години и двајца учители.

Веста е прочитана 270 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.