Уапсени Горан Грујевски и Никола Бошкоски

18 October, 2017 - 23:12

Двајцата бегалци и обвинети од СЈО Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска се уапсени во Солун, во Грција, потврдија за Телма полициски извори.

Грчката полиција постапила по меѓународната ппотерница и двајцата бегалци се откриени во Солун, а веднаш по лоцирањето се приведени. 

Од тамошната полиција првично се информирани македонските власти за апсењето, а официјалното ивестување се очекува утре по што ќе почне постапката за екстрадиција. 

Горан Грујевски е поранешен началник на 5-тата управа и е обвинет во случаите Тврдина-Таргет и Тврдина 2, а Бошкоски подолго време му бил заменик во управата која е задолжена за следење на комуникациите.

На двајцата им беше определен притвор, но не беа веднаш однесени во истражен затвор, туку го искористија правото на жалба до Врховен суд и станаа првите обвинети кои по определување на притвор останаа на слобода, чекајќи одлука по жалбите.

Во меѓувреме двајцата ги снема од нивните домови кога вечерта на 26-ти јули полицијата со судска наредба отиде да ги приведе и да ги однесе во затворот во Шутка. Тие се во бегство веќе 84 дена, но денеска се уапсени во Солун.

Миомир Серафиновиќ

Веста е прочитана 46698 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.