Туристи заглавени во Маврово- снемува храна за деца

6 January, 2017 - 17:42

Високиот снег ги отсече и селата Никифорови и Леуново, тврдат туристи кои се заглавени во викендички.

-Ние сме во викендичка, три семејства, едно повозрасно лице од над 30 години е болно, има температура. Тука бевме на 3 дена, немаме ни храна веќе, а имаме 4 мали деца. Сега ни снема и вода, синоќа 5-6 часа немаше струја. Значи, во паника сме не знам што да ви кажам, ни изјави Ивица во телефонски разговор.

Тој се наоѓа во селото Никифорово, а помош барале и од Македонија Пат да ги расчисти приодните патишта до регионалниот пат за да може да се извлечат.

-Се јавив во претставништвото на Македонија Пат во Маврови анови. Ни велат дека чекаат машина да дојде од Скопје. Ниту тие знаеја кога ќе дојде и дали воопшто ќе дојде таа машина, рече туристот.

М.С. 

Веста е прочитана 11590 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.