Трет ден со струја од увоз се надоместува недостатокот за домовите и компанииите

9 January, 2017 - 15:11

Трет ден со струја од увоз Државните Електрани ги надоместуваат потребите на домаќинстава и компаниите од електрична енергија,  откако заради дефект, од саботата  надвор од производство е тртетиот термоблок во РЕК Битола. Од компанијата велат дека заради екстремно ниските температури  потрошувачката е зголемена за 30 проценти од вообичаеното во овој период од годината, но уверруваат дека снабдувањето со електрична енергија е стабилно. Најавуваат дека најголемиот производител на струја во државата,  РЕК-Битола, ќе работи со целиот капацитет најдоцна до утре, но не се исклучува можноста повтроно  да се увезе електрична енергија.

„Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“  на кој од саботата наутро интензивно работат стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, поради  тешките временски  услови во кој се одвива се очекува да заврши во текот на денешниот ден, а после завршувањето на техничко технолошките проби, најдоцна до раните утрински часови и да биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем.  Стручните тимови на компанијата внимателно ја следат потрошувачката на електрична енергија. Доколку анализите покажат дека е потребно надополнување на потребите преку набавка на електрична енергија, постапката ќе биде спроведена во согласност со сите правила и процедури, се наведува во соопштението од ЕЛЕМ.

Вчера СДСМ обвини дека интервентниот увоз на скапа струја   за само два дена ги чини граѓаните 300 илјади евра, што може да предизвика поскапување на електричната енергија. Од джавните електрани пак велат дека увозот нема да влијае на цената на струјата, а компанијата ќе ги компензира трошоците со продажба на вишокот на електрична енергија во текот на годината.

Инаку не е првпат на среде грејна сезона да откажува некој од блоковите во РЕК Битола. Чести прекини имаше и ланската година, а пред  неколку месеци во еден ден не работеа сите три термоблови и покрај тоа што од комапнија та уверуваат дека ремонтите редовно се извршуваат,  а во комбинатот постојано се вложува.

ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА

Веста е прочитана 716 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.