Трамп не ја слушнал Меркел за ракувањето

19 March, 2017 - 16:34

Американскиот претседател Доналд Трамп не го слушнал прашањето кое му го упатила германската канцеларка Ангела Меркел, за време на официјалното фотографирање во Овалната соба, соопшти Белата куќа. Однесувањето на Трамп е оценето како дипломатски скандал, зашто според снимките ја игнорирал Меркел и одбил да се ракува со неа. Германскиот весник Билд наведува дека е неверојатно тој да не ја слушне, зашто Меркел седела премногу блиску до Трамп, а за целата сцена не ја ни погледнал својата гостинка. 

Веста е прочитана 2162 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.